Достапни линкови

Претседателот на ПС на Советот на Европа во Македонија


Претседателот на Парламентарното Собрание (ПС)на Советот на Европа Жан Клод Мињон, од денеска до 12 јуни ќе престојува во официјална посета на Македонија. На покана на претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, тој ќе има средба со својот домаќин, а утре ќе се обрати пред македонското собрание.
За време на својот престој претседателот Мињон ќе има средби и со шефот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, шефот и членовите на Делегацијата на македонското Собрание во ПС на СЕ, координаторите на пратеничките групи во Собранието, како и вицепремиерите за спроведување на Рамковниот договор и за европски прашања, Муса Џафери и Фатмир Бесими.
XS
SM
MD
LG