Достапни линкови

Сноуден призна дека оддавал информации за тајните програми за следење


Дваесет и девет годишниот Едвард Сноуден, кој тврди дека работел за Националната агенција за безбедност и ЦИА призна дека тој им давал информации на весниците за тајните американски програми за надзор. Сноуден изјави дека така постапил затоа што сметал дека неговата земја создава неодговорна и тајна машина со која го шпионира секој Американец. Врз основа на информациите добиени од Сноуден, весниците Вашингтон Пост и Гардијан во Велика Британија минатата недела објавија текстови со детали за тоа како американските безбедносни служби ги следеле податоците за телефонските повици од Веризон и интернет од големите компании како што се Гугл и Фејсбук. Гардијан го објави името на Сноуден на негово барање. Весникот исто така објави интервју со него од Хонг Конг, каде се верува дека избегал. ЦИА одби да коментира. Американски официјални лица изјавија дека таквите информации биле опасни и неодговорни.
XS
SM
MD
LG