Достапни линкови

Воени вежби на американските трупи во Јордан


Американските трупи почнаа воени вежби во Јордан. И Вашингтон и Аман, информираа дека вежбите не се поврзани со конфликтот во Сирија. Меѓутоа, официјална Москва ги критикуваше вежбите кои вклучуваат Ф-16 авиони и ракетни проектили, притоа обвинувајќи го Западот за конфликтот во Сирија. Повеќе од 4.500 американски војници, околу 3.000 Јорданци, а 500 војници од Велика Британија, Саудиска Арабија и други земји учествуваат во вежбите, кои се спроведуваат на помалку од 120 километри од границата со Сирија.
Вежбите исто така вклучуваат голем број на Ф-18 авиони од базите во Заливот и вежби за справување со хемиските напади за кои владата на Сирија и бунтовниците меѓусебно се обвинуваат.
XS
SM
MD
LG