Достапни линкови

logo-print

Армиски тенкови ги блокираа улиците на Бејрут


Либанските армиски тенкови ги блокираа улиците во Бејрут неколку часа откако еден демонстрант беше убиен пред иранската амбасада. Човекот умрел за време на вчерашните судири меѓу ривалските шиитски муслимани. Паравојници од движењето Хезболах отвориле оган кога демонстрантите дошле пред амбасадата. Во Сирија пак борбите се интензивираа во северниот дел, каде што според претседателот Башар ал-Асад бунтовниците и нивните либански сојузници од Хезболах се подготвуваат за офанзива по минатонеделниот успех кога го зазедоа стратешкиот град Ќусаир на југот од земјата, заедно со клучниот пат помеѓу Сирија и Либан.
XS
SM
MD
LG