Достапни линкови

logo-print

Ердоган: Моето трпение има граници


Илјадници демонстранти останаа на централниот плоштад Таксим во Истанбул, a протестите против премиерот Таип Ердоган се одржуваат веќе 11 дена.
Ердоган ги предупреди демонстрантите дека неговото трпение има граници и го спореди со немирите и обидот на армијата за спречување на неговата моќ пред шест години. Ердоган рече дека неговата иднина ќе биде утврдена во гласачката кутија, а не на улица. Специјалната полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера анти-владините демонстранти од плоштадот во главниот град, Анкара, на само неколку километри од местото каде Ердоган зборуваше. Три лица се убиени, а околу 5.000 беа повредени во немирите. Протестите се одржуваат во 78 градови низ земјата, а се предизвикани од насилната полициска операција на мирен протест против плановите да се исечат дрвата од еден парк во Истанбул поради изградба на трговски центар и други објекти.
XS
SM
MD
LG