Достапни линкови

Нетанјаху обвинува за пораст на сајбер нападите од Иран


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека има значителен пораст на сајбер нападите против Израел од страна на Иран. На конференција за безбедност во Тел Авив, тој рече дека нападите се насочени кон клучните израелски системи. Нетанјаху ги обвини за вклученост и сојузниците на Иран во Либан и палестинските територии, Хезболах и Хамас.
Додаде дека водоводниот систем на Израел, електричната мрежа, возовите и банките биле цел на сајбер напади и според него таквите напади ќе продолжат да се интензивираат со напредокот на дигиталната ера.
Нетанјаху не откри други детали, а и неговиот кабинет одби да образложи.
Се верува дека во последниве години Израел и Соединетите Држави стојат позади серија сајбер напади против нуклеарната програма на Иран.
XS
SM
MD
LG