Достапни линкови

Дунав достигна рекордно ниво на водата


Реката Дунав достигна рекордно ниво на водата од 8,9 метри, но засега не се очекува натамошно зголемување на нивото, соопштија унгарските власти. Градоначалникот на Будимпешта Иштван Тарлос изјави дека не се очекува нивото на водата да расте.
-Највисокото ниво на водата најверојатно ќе потрае шест часа, а намалувањето ќе биде постепено и же потрае во наредните седум дена.
Во меѓувреме доброволци и државните служби работат деноноќно, а насипите би требало да издржат барем до среда,изјави градоначалникот.
Досега нема смртни случаи или повредени во поплавите што ја зафатија Унгарија.
XS
SM
MD
LG