Достапни линкови

logo-print

Во Грција повторно активна групата „Заговор на црвените ќелии“


Грчката екстремистичка група „Заговор на црвение ќелии“ соопшти дека е одговорна за поставување на темпирана бомба пред куќата на директорот на атинскиот затвор Коридалос, која експлодира во петокот, при што една жена се здоби со полесни повреди. Групата наведе дека бомбата ја поставила под автомобилот на Марија Стефи, директорка на Коридалос. Стефи во нападот не е повредена. Според проценките на полицијата бомбата имала еден килограм динамит.
- По речиси две години тишина, бомба е поставена под возилото на директорката на затворот и тоа е првата капка пред бурата. Тоа е сторено во знак на солидарност со нашите десетмина браќа, кои се во затвор, наведе групата преку соопштение.
XS
SM
MD
LG