Достапни линкови

Груевски: СДСМ се плаши од реалноста со која се соочува


СДСМ се плаши од реалноста со која се соочува, а таа е дека ние имаме реформи, проекти и дела зад нас, а тие само голо политиканство, истакна во своето обраќање пред членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот и премиер Никола Груевски.
На одбележувањето на 22 годишнината од Унијата на млади сили на оваа партија, Груевски најави дека до крајот на овој месец или почетокот на идниот ќе заврши анализата за „Новиот бран 2013“.
-Седнете и нешто сработотете, почитувајте го народот и не го потценувајте, престанете да бидете арогантни, му порача Груевски на СДСМ.
Вети дека ќе продолжат на патот на реформите и на евроатлантските интеграции, без оглед на тоа колку препреки се појавуаат на тој пат.
XS
SM
MD
LG