Достапни линкови

logo-print

Малики одржа седница во курдскиот регион


Нури Ал-Малики

Нури Ал-Малики

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики денеска одржа состанок со својот кабинет во Ирбил, главниот град на северниот курдски регион. Малики и претставниците на Владата беа таму во обид да се намалат тензиите меѓу курдското малцинство и централната шиитската влада. Ова е прв пат седница на владата да се одржува во Ирбил по американската инвазија за соборување на Садам Хусеин во 2003 година. Ирачкиот курдски регион има своја автономија но со Багдад се судри поради статусот на градот Киркук и други спорни територии. Регионот исто така има потпишано голем број на нафтени зделки со странски фирми, кои пак Багдад не ги признава.
XS
SM
MD
LG