Достапни линкови

Жерновски: МВР да ги открие лицата кои го оштетија објектот на општината


Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски бара од Министерството за внатрешни работи да ги открие лицата кои вчера на протестот пред општинската барака го попречија одржувањето на седницата на Советот. Во соопштение до медиумите тој ја повика министерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска да преземе мерки за тие лица кои, како што пишува, со своето вандалско однесување ја демолираа салата на Советот на општината и ја уништија зелената надворешна површина. Тој посочува дека поддржува протести или друг начин на изразување на волјата на граѓаните, но дека тие треба да бидат ненасилни и со јасна порака и барање.
XS
SM
MD
LG