Достапни линкови

logo-print

Иларион го поддржа Агатангел за протестите против рушењето црква


Митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион му даде поддршка на митрополитот на Повардарската епархија господин Агатангел, кој учествуваше во протестите против рушењето на црква „Свети Константин и царица Елена“ во Скопје.
- Владиката Агатангел е потполно во право, затоа што владиката Агатангел дал заклетва дека ќе го чува и пази својот народ, ќе се моли за својот народ.
Но, исто така ќе се грижи и за својата црква. Тој е должен да се грижи и за светата вера, но и за својата татковина Република Македонија. Тоа е должност на секој епископ да се грижи покрај за духовните работи и за националните, изјави владиката Иларион.
XS
SM
MD
LG