Достапни линкови

Во Кина почна судењето против поранешен министер


Кинескиот претседател Кси Џинпинг

Кинескиот претседател Кси Џинпинг

Во Пекинг почна судењето против поранешниот кинески министер за железнички сообраќај Ли Џинџунг,кој е обвинет за финансиски малверзации и злоупотреба на службената должност. Ова е прво поголемо судење за корупција откако Кси Џинпинг ја презеде функцијата претседател. Доколку се утврди дека е виновен поранешниот 60 годишен министер би можел да се соочи со смртна казна или доживотен затвор. Ли е обвинет за примање на мито од 8 милиони евра и дека преку врски вработил 11 лица и им помогнал да потпишат договори штетни за железницата. Откако стапи на функција новиот кинески претседател Џинпинг вети дека преоритет ќе му биде борбата против корупцијата.
XS
SM
MD
LG