Достапни линкови

logo-print

Ердоган ги осуди протестите,уверува дека ситуацијата е под контрола


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган повторно ги осуди антивладините протести и ги повика поддржувачите да им одржат лекција на демонстрантите за време на локалните избори следната година. Ердоган ги повика своите поддржувачи да не учествуваат во насилството, кое трае веже десет денаоткако почнаа потестите во Турција. Десетици илјади демонстранти се на улиците на Истанбул, а демонстрации имаше во Анкара, Измир, како и други градови. Во Истанбул, демонстрантите палеа автомобилски гуми и фрлаа петарди кон полицијата, која одговори со солзавец. Владата тврди дека протестите се "под контрола".
Двајца демонстранти и еден полицаец се убиени за време на десетдневните протести.
XS
SM
MD
LG