Достапни линкови

logo-print

Колку должат битолските училишта?


Илустрација: Средното Економско училиште „Јане Сандански“ во Битола.

Илустрација: Средното Економско училиште „Јане Сандански“ во Битола.

Советниците од битолската опозицијата обвинија дека училиштата станаа најголеми загубари во градот, а нивните долгови се поголеми дури и од оние на јавните претпријатија.

Завршните сметки на училишта предизвикаа жестока дебата во битолскиот Совет. Советниците од опозицијата обвинија дека училиштата станаа најголеми загубари во градот, а долговите во кои тонат се поголеми дури и од оние на јавните претпријатија.
ВМРО-ДПМНЕ во последните осум години ги претворија училиштата во најголеми загубари во градот. Од 12 основни училишта. 9 се со блокирани сметки. Од средните училишта, медицинското и долната гимназија се посебна приказна. Медицинското училиште должи 19 милиони денари кон разни добавувачи, а долната гимназија „Таки Даскало“ (стопанско училиште) должи 25 милиони денари. Тоа за споредба е поголема сума од она што ја должат јавните претпријатија Водовод, Комуналец, Нискоградба.

Томе Наумов од СДСМ и Валентин Груевски од ЛДП со забелешки:

„Во овој момент мислам дека таа бројка надминува 1.200.000 евра. Состојбите во училиштата ќе предизвикаат подлабока не само финансиска, туку и образована и воспитна криза“, рече Наумов.

„ВМРО-ДПМНЕ во последните осум години ги претворија училиштата во најголеми загубари во градот. Од 12 основни училишта. 9 се со блокирани сметки. Од средните училишта, медицинското и долната гимназија се посебна приказна. Медицинското училиште должи 19 милиони денари кон разни добавувачи, а долната гимназија „Таки Даскало“ (стопанско училиште) должи 25 милиони денари. Тоа за споредба е поголема сума од она што ја должат јавните претпријатија Водовод, Комуналец, Нискоградба“, рече Груевски.

Претседателот на Комисијата за јавни дејности, Илче Димовски, советник на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека главниот долг произлегува од превозот.

„Средното општинско училиште „Таки Даскало„ е најголем центар со најмногу ученици кои доаѓаат од страна и од тоа произлегува главниот долг, а тоа е превозот, иако имаат и долгови по други основи зашто сметките им се блокирани. Со вонредни напори и на општината и на Министерството за образование тоа ќе се санира и не претставува пречка во обавувањето на образованиот процес.“

Наспроти долната гимназија која најмногу должи, како позитивен пример за финансиско работење советниците го посочија земјоделското училиште.

„Со напорна работа успеваме да обезбедиме одредени финансиски средства со кои ги покриваме основните трошоци за работата на училиштето, одржување на стопанството и практичната работа на учениците“, вели директорот Зоран Каранфиловски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG