Достапни линкови

Завршија разговорите меѓу Северна и Јужна Кореја


Во обид да се намалат тензиите меѓу ривалите,официјални лица на Северна и Јужна Кореја се сретнаа за прв пат по две години. Двете страни ги одржаа разговорите во местото Панмунџон, каде што беше потпишано примирјето по Корејската војна(1950-1953).
Двете земји се согласија да се одржат разговорите на министерско ниво во Сеул на 12 јуни. Портпаролот на министерството за обединување на Јужна Кореја изјави дека двете страни разговарале за технички прашања за министерскиот состанок, вклучувајќи го и местото и големината на делегациите. Тој ги опиша разговорите како "мирни", но рече дека ќе имаат подобра претстава за тоа како стојат работите после среда. Состанокот се одржаа неколку часа откако американскиот претседател Барак Обама и кинескиот лидер Кси Џинпинг се договорија дека Северна Кореја мора да се откаже од својата нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG