Достапни линкови

logo-print

Над 27 талибански бунтовници загинаа во Авганистан


Во заедничка акција на авганистанската полиција и војска и силите на НАТО биле убиени 27 талибански бунтовници, а 25 биле приведени, соопшти министерството за внатрешни работи. Во соопштението се наведува дека осум талибански бунтовници биле повредени во акцијата која се одвивала на неколку места во провинцијата Хелманд. Не се наведуваат информации за евентуални жртви од редовите на авганистанската војска и полиција. Повеќе од 270 бунтовници се убиени, 66 се повредени, а 80 се приведени во воените операции од почетокот на јуни.
XS
SM
MD
LG