Достапни линкови

Нови жртви во серија напади во Пакистан


Неколку полицајци и војници биле убиени и повредени во серија напади во Пакистан. Двајца војници загинале од експлозија на бомба, додека го расчистуваале патот во северозападен Пакистан за да помине воен конвој. Во инцидентот бил повреден уште еден војник.
Втората експлозија се случила во близина на контролен пункт на истиот пат.
Агенциите јавуваат за друг бомбашки напад врз конвој во Северен Вазиристан, при што биле повредени други двајца војници. Утринава група напаѓачи на мотори отвориле оган врз полицијата во градот Карачи, при што загинаа двајца полицајци, а еден бил повреден. Седум лица, меѓу кои и еден полицаец, биле убиени во неколку вооружени инциденти синоќа во Карачи.
XS
SM
MD
LG