Достапни линкови

logo-print

Мeндела стабилен,но ситуацијата останува сериозна


Поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мендела останува во сериозна, но стабилна состојба во болница каде што се лекува од инфекција на белите дробови. Портпаролот на владата изјави дека добитникот на Нобеловата награда за мир дише самостојно, без апарати. Во последните неколку години, 95 годишниот Мендела ретко може да се види во јавноста поради влошената здравствена состојба. Во април беше хоспитализиран и лекуван поради пневмонија. Тој има историја на респираторни проблеми, поради туберкулозата за време на 27-те години поминати во затвор.
XS
SM
MD
LG