Достапни линкови

Иран отвори нов центар за набљудување на вселената


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го отвори новиот центар за набљудување на вселената и на објектите што поминуваат во близина на Земјата. Ахмадинеџад го посети центарот во градот Делиџан, на околу 200 километри јужно од Техеран. Агенцијата Ирна објави дека центарот ќе ги споделува добиените податоци со агенциите во други земји. Министерот за надворешни работи Ахмед Вахиди изјави дека целта на базата е да се обезбеди сигурност на иранските вселенски објекти и да се следат предметите, особено сателитите што поминуваат во нивниот простор. Тој додаде дека центарот ги користи радарот, радиото и методите за оптичко следење. Иран во моментов има девет командни и контролни центри за нејзината вселенска програма, вклучувајќи го и оној во Сирија.
XS
SM
MD
LG