Достапни линкови

Ивановски: отворени сме за разговори за законот за медиуми


Остануваме отворени да дебатираме за Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги со секој кој сака да разговара со нас, изјави во интервју за МИА министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, посочувајќи дека намерата е да се донесе што поквалитетно законско решение што е можно поскоро.
-За првичната верзија на законот пристигнаа 380 коментари без препораките од ОБСЕ и Советот на Европа. Статистиката покажува дека 80 се целосно, а 60 делумно прифатени. Сите забелешки ќе се земат предвид, ќе се разгледуваат, истакнува Ивановски.
Тој најавува уште една рунда разговори со засегнатите страни.
Нема ограничување на времето за донесување на овој закон, но бидејќи на него долго се работи се надева дека тоа ќе се случи во најскоро можно време.
XS
SM
MD
LG