Достапни линкови

logo-print

Во Анкара тензично, солзавец против демонстрантите


Турската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои синоќа протестираа во центарот на Анкара. Полицијата интервенираше на плоштадот Кизилај против демонстрантите, кои го блокираа сообраќајот и одбија да се разотидат. Според извештаите на некои медиуми во протестите се повредени неколку лица. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган поворно ги повика демонстрантите итно да ги прекинат протестите, но десетици илјади лица и натаму се наоѓаат на плоштадот Таксим во Истанбул. Илјадници фанови на ривалските фудбалски клубови „Фенербахче“, „Бешикташ“ и „Галатасарај“ заеднички им се придружија на демонстрантите во Истанбул. Протестите во Турција почнаа кон крајот на минатиот месец поради плановите на Владата на централниот плоштад во Истанбул, да изгради трговски центар и други објекти, поради што е предвидено сечење на околу 600 дрва во паркот Гези.
XS
SM
MD
LG