Достапни линкови

САД: Претстојните избори во Иран не се според меѓународните стандарди


Соединетите Држави сметаат дека престојните претседателски избори во Иран не се слободни, фер и веродостојни според меѓународните стандарди.
Коментарите од страна на американската потсекретарка за политички прашања, Венди Шерман доаѓаат на помалку од една недела пред Иранците да излезат на гласање за да го изберат следниот претседател меѓу осумте потенцијални кандидати. Во интервју за радио Слободна Европа, Шерман изјави дека исходот од гласањето и што тоа ќе значи за иднината на земјата се се уште нејасни.
Шерман меѓудругото вели дека иранскиот народ ќе го направи изборот меѓу "малите шанси за избор“, потенцирајќи дека САД нема да заземаат страна на изборниот ден, на 14 јуни.
XS
SM
MD
LG