Достапни линкови

Повлечено шоу поради шега за разводот на Путин


Презентер на една од државните телевизиски канали во Русија изјави дека станицата го повлекла неговото шоу поради кажана шега поврзана со разводот на претседателот Владимир Путин. Владислав Сорокин, презентер на руската државна телевизија ОТВ изјави дека неговото шоу, "Социјална мрежа" е повлечено поради пародија дека профилот на Путин е ставен на веб страница за он лајн состаноци, веднаш по веста за неговиот развод.
На социјалните мрежи Сорокин напиша дека тој и неговата колешка во шоуто Екатерина Воронина планираат целосно да се повлечат од шоуто.
Генералниот директор на телевизијата Анатолиј Лисенко негираше дека шоуто е повлечено поради цензура.
Пред неколку дена Путин и неговата сопруга Људмила објавија дека ќе се разведат.
XS
SM
MD
LG