Достапни линкови

Пакистан бара прекин на американските ракетни напади


Новата влада на Пакистан го повика највисокиот американски претставник во земјата да протестира против американскиот напад во кој загинаа најмалку седум милитанти. Пакистанското министерството за надворешни работи соопшти дека барањето за протестот било поднесено денеска до американскиот заменик-амбасадор Ричард Хоагленд.
Синоќешниот ракетен напад врз комплекс во близина на авганистанската граница во регионот на Северен Вазиристан беше првиот напад на американски беспилотни летала во Пакистан откако Навац Шариф положи свечена заклетва како премиер во средата. Шариф инсистира Соединетите Држави да престанат со ваквите напади, оти според него, тие го кршат суверенитетот на Пакистан.
Американскиот претседател Барак Обама минатиот месец изјави дека САД ќе ги намалат ракетните напади и ќе ги користат само кога заканата е неминовна.
XS
SM
MD
LG