Достапни линкови

Почна, па се одложи судењето за Мубарак


Хосни Мубарак

Хосни Мубарак

Египетски суд го прекина повторното судење на поранешниот претседател Хосни Мубарак за наводно соучество во убиствата на демонстрантите во немирите од 2011 кои го симнаа од власт. По кратката сесија, претседателот на советот најави дека следното рочиште ќе се одржи во понеделник, а дотогаш ќе ги разгледа доказите. Мубарак е осуден на доживотен затвор од страна на судот, но апелацискиот суд нареди повторно судење, повикувајќи се на процедурални пропусти. Повторното судење требаше да почне еден месец порано, но во тоа време претседателот на советот се повлече од слушање на случајот.
Повеќе од 800 луѓе беа убиени за време на протестите пред две години. Во моменотот 85-годишниот Мубарак се наоѓа во затворска болница во Каиро.
XS
SM
MD
LG