Достапни линкови

Британија со извештај за американското прислушување


Агенцијата задолжена за надзор на прислушувањето во Велика Британија наскоро ќе поднесе парламентарен извештај за програмата „Призма“ за интернет прислушување која ја користат американските разузнавачки служби, соопшти официјален Лондон.
Набрзо парламентарната комисија ќе добие комплетен извештај од Агенцијата и ќе одлучи за преземање на мерки во зависност од добиените податоци. До најавите за извештајот доаѓа откако Гардијан објави дека британската агенција има пристап до американската „Призма“ уште од јуни 2010 година.
Агенцијата не сакаше да ги коментира наводите на Гардијан, истакнувахјќи дека работи според строга правна и политичка рамка. Американските весници Вашингтон пост и Гардијан објавија дека американските разузнавачки служби користеле две тајни програми за прислушување. Едната програма служела за собирање на информации по пат на прислушкување на телефонските разговори во САД, а другата за прислушкување на комуникацијата на интернет меѓу странците кои се наоѓаат надвор од САД.
XS
SM
MD
LG