Достапни линкови

logo-print

Кандидатите за претседател на Иран ја одржаа последната дебата


Осумте кандидати за претседател на Иран ја одржаа третата и последна телевизиска дебата. Синоќешната дебата беше фокусирана на внатрешната и надворешната политика. Поранешниот министер за надворешни работи Али Акбар Велајати изјави дека ќе гради "конструктивни" односи со други земји и ќе се обиде да ја подобри сликата на Иран во странство. Кандидатите имаа претежно критички позиции во однос на политиката на западните земји кон Техеран. Главниот ирански нуклеарен преговарач Саид Џалили изјави дека и покрај "соработката" на Иран со Западот по прашањето за Авганистан, Иран бил жигосан како дел од оската на злото" од страна на Вашингтон. Универзитетскиот професор Мохамад Реза Ареф ја обвини владата во заминување за неуспехот да се подобри животниот стандард на луѓето и покрај профитот на земјата од нејзините огромни енергетски ресурси. Изборите ќе се одржи на 14 јуни.
XS
SM
MD
LG