Достапни линкови

Договор за разговори меѓу Северна и Јужна Кореја


По неколку години пауза, Северна и Јужна Кореја се договорија да го одржат својот прв состанок за помирување. Министерството за обединување на Јужна Кореја соопшти дека Пјонгјанг се согласи со претходниот предлог на Сеул разговорите да се одржат утре во една населба во близина на границата. Двете страни очекуваат разговорите да придонесат да се обнови заедничкиот индустиски парк и да се продолжат почнатите прекугранични проекти. Официјален Сеул соопшти дека разговорите на министерско ниво ќе се одржат во среда во Сеул, додека Пјонгјанг повикувајќи се на недовербата меѓу двете земји соопшти дека прво треба да се одржи средбата на пониско ниво. Во април, Пјонгјанг ги повлече своите 53.000 работници од индустрискиот парк Кесонг северно од границата. Сеул го повлече својот последен персонал во мај.
XS
SM
MD
LG