Достапни линкови

Во Каиро почна повтореното судење на Мубарак


Повторното судење на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак за наводно соучество во убиствата на демонстрантите во протестите од 2011 година што го симнаа од власт продолжи во Каиро. Денешното рочиште се одржува под силно полициско обезбедување во импровизиран суд во Полициската академија надвор од Каиро. Мубарак е осуден на доживотен затвор од страна на судот, но апелацискиот суд нареди повторно судење, повикувајќи се на процедурални пропусти. Повторното судење требаше да почне еден месец порано, но во тоа време претседателот на советот се повлече од слушање на случајот. Повеќе од 800 луѓе беа убиени за време на протестите пред две години. Во моменотот 85-годишниот Мубарак се наоѓа во затворска болница во Каиро.
XS
SM
MD
LG