Достапни линкови

Заврши протестот во Центар, седницата на Советот одложена


Доцна синоќа заврши протестот пред општината Центар, а седницата на советот беше одложена. Обидот да се оддржи седница во оваа скопска општина беше сшпречен од група демонстранти кои дојдоа да спречат наводно уривање на црквата св. Константин и Елена. Градоначалникот на оптина Центар, Андреј Жерновски изјави дека сите објекти кои се во изградба меѓу кои и црквата св.Коснстатин и Елена ќе продолжат да се градат. Тој рече дека луѓето кои што вчера протестираа пред општината се изманипулирани од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Демонстрантите неколку пати ја прекинаа седницата на советот при што скришија десетина прозорци и се обидоа насилно да влезат во општината.
Од МВР соопштија дека тие немаат право да го спречат правото на протест на граѓаните.
XS
SM
MD
LG