Достапни линкови

Мендела во сериозна, но стабилна здравствена состојба


Јужноафриканската влада соопшти дека поранешниот претседател Нелсон Мандела е во "сериозна, но стабилна" здравствена состојба. Во владиното соопштение се наведува дека Мандела бил однесен во болница во Преторија за да се третира од периодична инфекција на белите дробови. Неговата состојба се влоши рано утрово. Мeндела кој има 94години, беше на болничко лекување неколку пати во последниве месеци.
Херојот против аперхејдот, кој беше затворен 27 години од расистичкиот режим на јужна Африка ја доби Нобеловата награда за мир и во 1994 година стана првиот црн претседател во неговата земја. Поради влошеното здравје ретко може да се види во јавноста во последниве години.
XS
SM
MD
LG