Достапни линкови

logo-print

Демонстрантите во Истанбул подготвуваат нови протести


Илјадници демонстранти кои протестираат против политиката на Владата на Реџеп Таип Ердоган ја поминале ноќта во импровизирани шатори на истанбулскиот плоштад Таксим, подготвувајќи се за нова серија протести, кои можат да траат цел викенд. Шатори има поставено и во паркот Гези, чија реконструкција предизвика бран демонстрации во земјата. Во паркот е оспособена и импровизирана детска градинка со библиотека со детски книги на отворено и игралиште за демонстрантите, кои ги поминуваат ноќите таму со своите деца.
Дел медиумите јавуваат дека се очекува утре во Њујорк илјадници луѓе да се вклучат во демонстрации во поддршка на протестното движење во Турција.
XS
SM
MD
LG