Достапни линкови

logo-print

Средношколците полагаат државна матура


Во средните училишта почна полагањето на првиот, задолжителен предмет од испитот државна матура. Тестирањето по мајчин јазик (македонски, албански или турски) ќе го полагаат 19.289 матуранти.
Вториот предмет од испитот е изборен и ќе се полага во вторник, на 11 јуни.
Како и во минатите години, помал е интересот за математика отколку за странските јазици.
Првите резултати се очекуваат за еден месец, a незадоволните кандидати имаат можност за приговор кој, како и лани, ќе чини 1.000 денари.
Матурантите кои нема да ја положат државната матура или ќе положат само еден предмет во јунскиот испитен рок, ќе имаат втора можност на следниот испитен рок - на 13 август мајчин јазик и на 15 август изборниот предмет. Годинашната е шеста генерација која полага државна матура од нејзиното воведување.
Таа е услов за матурантот да продолжи со високо образование.
XS
SM
MD
LG