Достапни линкови

МВР нема да им брани на граѓаните да протестираат


Министерството за внатрешни работи информира дека нема основа да им забрани на граѓаните да го искажуваат својот револт заради, како што стои во дописот, најавите за уривање на црквата „Свети Константин и Елена“.
- МВР имало и ќе има еднаков и неселективен пристап кон сите поединци и институции во државата и максимално коректно и професионално во сите случаи се ангажира во рамки на своите законски ингеренции. Впрочем, тоа го знае и градоначалникот и неговите блиски, а сега функционери во општината, кои како тогашни новинари во А1 Он или во својство на заинтересирани граѓани, на 12 декември 2012 година се обидуваа да упаднат на седницата на Советот на општината, обвинувајќи ги полициските службеници дека тие немаат право да им забранат присуство, пишува во реакцијата на МВР.
XS
SM
MD
LG