Достапни линкови

Жерновски: Црква ќе има, луѓето се изманипулирани од ВМРО-ДПМНЕ


Опсадата, што почна од самото мое доаѓање на функцијата, денеска кулминираше изјави градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновки. Тој додаде дека сите објекти кои се во изградба меѓу кои и црквата св.Коснстатин и Елена ќе продолжат да се градат. Жерновски рече дека луѓето кои што денеска протестираат пред општината се изманипулирани од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека ова сакал да им го каже и на демонстраните но полицијата го советувала да не го направи тоа затоа што не е безбедно. Наместо него, на демонстрантите им се обрати претседателот на советот Мирослав Шиповиќ но демонстрантите не го прифатија неговато објаснување. Пред општината се уште е тензично. Демонстрантите неколку пати ја прекинаа седницата на советот при што скришија десетина прозорци и се обидоа насилно да влезат во општината.
XS
SM
MD
LG