Достапни линкови

logo-print

Турските банки продаваaт долари за да го зачуваат курсот на лирата


Турските банки и денеска предложија да продаваат големи количества долари, со цел да се спаси националната валута - лирата, соопштија претставници на деловните средини од лондонското Сити.
Како резултат на операцијата попладнево е регистирано зголемување за 0,2 отсто на курсот на лирата во однос на доларот. Антивладините демонстрации и протести во различни делови на Турција, што траат од 31 мај, почнуваат негативно да се одразуваат врз економијата на земјата.
Во последните денови е регистриран силен пад на главниот индекс на Истанбулската берза, а е намалена вредноста и на државните обврзници на Турција.
XS
SM
MD
LG