Достапни линкови

Шојбле - нема да има ново намалување на грчкиот долг


Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле не ги прифати оценките на Меѓународниот монетарен фонд за ново намалување на грчкиот долг, изјавувајќи дека нема таква обврска од страна на еврозоната за ова прашање.
Шојбле, како што јави „Дојче веле“, ги уверил германските пратеници дека вакви ангажмани кон Атина не се преземени од државите од еврозоната.
Претходно ММФ соопшти дека Фондот имал грешки и пропусти, и оти постои решение на еврозоната по 2014 година да се пристапи кон натамошни олеснувања на грчките обврски.
Според Шојбле, ова откритие на Фондот не претставува обврска за евентуално дополнително отпишување на грчкиот долг.
„Тоа, едноставно, е само една интерпретација на ММФ“, изјави германскиот министер за финансии.
XS
SM
MD
LG