Достапни линкови

Тони Блер советник на идната албанска влада на Еди Рама


Поранешниот британски премиер Тони Блер, според лондонски „Дејли телеграф“, прифатил да биде советник-консултант на идната влада во Албанија.
Весникот пишува дека Блер ќе делува како консултант на албанската социјалистичка партија и на нејзиниот лидер Еди Рама, веднаш по парламентарните избори во Албанија, на кои се очекува нивна победа. Албанските парламентарни избори се предвидени за 23 јуни.
Договорот меѓу Блер и ,како што пишува весникот, идната албанска Влада, бил направен во Лондон, минатиот месец.
XS
SM
MD
LG