Достапни линкови

Евакуација на опседнатиот босански парламент


Полицијата во Сараево евакуираше стотици пратеници, персоналот, како и странски гости кои се наоѓаа во босанскиот парламент кој е опколен од околу три илјади демонстранти.
Во Собранието имено имало и регионална банкарска конференција. Полицијата ги извлекла луѓето во рани зори кога околу парламентот останале само неколку стотици демонстранти.
Причина за протестите е демонстрантите е одлагањето на законот за матичните броеви на граѓаните и основање на фонд за помош на болните деца.
Законот не се носи поради несогласување меѓу ентитетите, а поради тоа новородените не можат да бидат регистрирани.
XS
SM
MD
LG