Достапни линкови

logo-print

Австралија се извинува за апсењето на јорданскиот фудбалски тренер


Австралискиот министер за надворешни работи, Боб Кар се извини откако фудбалскиот тренер на Јордан беше уапсен на меѓународниот аеродром во Мелбурн. Аднан Хамад беше запрен на царината и притворен околу четири часа иако поседувал валидна виза. Јорданската фудбалска асоцијација остро реагираше на акцијата и рече дека ќе побара објаснување од австралиската фудбалска асоцијација. Јордан треба да игра со Австралија во квалификациите за Светскиот куп наредната недела.
XS
SM
MD
LG