Достапни линкови

На израелските војници ќе им се забрани употреба на социјалните мрежи


Израелската војска има намера да ја ограничи строго употребата на социјалните мрежи за своите припадници, од безбедносни причини. Како што се наведува во нацрт планот, војниците ќе можат да имаат свои профили, но не и да објавуваат фотографии во униформа или од воениот објект. На припадниците на некои специјализирани единици ќе им се забрани целосно појавувањето на социјалните мрежи.
XS
SM
MD
LG