Достапни линкови

Клепер - податоци се собираа само за не американци надвор од САД


Првиот човек на американската разузнавачка служба Џејмс Клепер изјави дека законот кој дозволува американските владини агенции да собираат информации од интернет компании се однесува само за неамериканци надвор од САД.
Тој одговори на статиите објавени од Вашингтон пост и британски Гардијан содржат бројни неправилности. Двата весника во четвртокот објавија дека американската влада упаднала во серверите на водечките американски интернет компании, овозможувајќи им на агентите да испитуваат слики, пораки и други документи. Големите технолошки компании вклучувајќи ги Епл. Гугл и Фејсбук соопштија дека тие не дозволуваат никаков владин пристап до нивните сервери.
XS
SM
MD
LG