Достапни линкови

Не запираат критиките за нацрт-законот за медиуми


Не сум сигурен дека има вистински разлики меѓу мојата анализа и онаа на ОБСЕ, вели Бернард Мовес, независен консултант од Советот на Европа кој ја правеше анализата за првиот објавен нацрт-текст.

Имате комплексен и долг закон за медиуми и предлагам овој закон да се подели на два, при што едниот ќе се однесува на печатените и он-лајн медиумите, а другиот да се однесува на аудиовизуелните медиуми, изјави денеска независниот консултант од Советот на Европа кој ја правел анализата за првиот објавен нацрт-закон Бернард Мовес. Тој за ставот на министерот за информатичко општество Иво Ивановски, кој вчера пред објавувањето на новиот предлог-закон за медиуми, истакнал дека анализите на Советот на Европа и ОБСЕ се контрадикторни, изјави дека не гледа големи разлики во двете анализи.
Разговарав со господинот Ивановски и му кажав дека јас не гледам толку многу разлики меѓу нашите анализи и му го објаснив мојот начин на анализирање на законот. Точно е дека во членот 4 го имаме членот 10 од Конвенцијата за човекови права и тоа е добро, можете да го повторите, тоа е повторување и никој не може да каже дека е спротивно на Конвенцијата. Доколку тие ограничувања единствено се повторат во македонскиот закон, без да се додава или одзема нешто, тогаш никој нема да може да каже дека биле спротивни на Конвенцијата. Друго прашање е дали ќе го ставите цел член внатре или ќе извадите мал дел од тој член. Не сум сигурен дека има вистински разлики меѓу мојата анализа и онаа на ОБСЕ. Така што, веројатно е недоразбирање.

„Разговарав со господинот Ивановски и му кажав дека јас не гледам толку многу разлики меѓу нашите анализи и му го објаснив мојот начин на анализирање на законот. Точно е дека во членот 4 го имаме членот 10 од Конвенцијата за човекови права и тоа е добро, можете да го повторите, тоа е повторување и никој не може да каже дека е спротивно на Конвенцијата. Доколку тие ограничувања единствено се повторат во македонскиот закон, без да се додава или одзема нешто, тогаш никој нема да може да каже дека биле спротивни на Конвенцијата. Друго прашање е дали ќе го ставите цел член внатре или ќе извадите мал дел од тој член. Не сум сигурен дека има вистински разлики меѓу мојата анализа и онаа на ОБСЕ. Така што, веројатно е недоразбирање.“

На тркалезната маса за усогласност на предлог-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски сервиси со меѓународните стандарди, Михајло Лахтов од мисијата на ОБСЕ во Скопје истакна дека клучните забелешки од меѓународните организации и од домашните организации кореспондираат едни со други, особено околу најважните делови.

„Клучните забелешки кои се повторуваат во поголем дел од анализите се дека законот е преобемен и прекомплексен, непотребноста на вклучувањето на печатените медиуми и интернет сајтовите во закон со аудиовизуелни медиа сервиси, потоа проблематичниот дел околу номинирањето на членови во Агенцијата за медиуми и во Советот на МРТВ и така натаму.“
Клучните забелешки кои се повторуваат во поголем дел од анализите се дека законот е преобемен и прекомплексен, непотребноста на вклучувањето на печатените медиуми и интернет сајтовите во закон со аудиовизуелни медиа сервиси, потоа проблематичниот дел околу номинирањето на членови во Агенцијата за медиуми и во Советот на МРТВ и така натаму.

Мовес нотирал 8 главни проблеми во првата верзија на законот и истакна дека не може да ги коментира измените во предлог-законот затоа што е неодамна објавен.

Тој предупредува на опасност со преголемиот опфат на законот да се дојде до преголема регулација и истакнува дека нема јасна разделба меѓу државната и саморегулацијата. Предупредува и на отворената можност за политичко влијание врз Агенцијата за медиуми како регулаторно тело и препорачува поинакво конципирање на составот на членовите на Агенцијата, односно членовите во советот да се бираат со двотретинско мнозинство во парламентот, да се намали бројот на членови кои ги предлага Собранието, а да се зголеми бројот на членови кои ги предлага невладиниот сектор.

Како проблем ја посочува и двосмисленоста на правната заштита која е регулирана со законот. Како забелешка ја наведе и разликата во казнената политика, односно дека 2 проценти од годишен приход на медиум поради помал прекршок е висока казна наспроти казната од 3 проценти од истиот приход за незаконско медиумско концентрирање. Тој додаде дека одземањето на лиценцата е сурова казна.
Вие ги знаевте забелешките и на ОБСЕ и на Советот на Европа, ги знаевте, ги прочитавте, а сепак во нацрт-текстот кој што го добивме изутринава ниту една реченица, ниту збор од овие две експертизи, а и од домашните експертизи во однос на составот и предлагачите на регулаторното тело и советот на МРТ не беше вграден. Зошто? Која е целта на предлагачот на законската иницијатива да инсистира на ваков систем на избор на членови на тие тела?

Претставникот на ЗНМ Ердем Амет изјави дека новиот предлог-закон е само фризирање и дека во него не се вметнати клучните забелешки на здружението.

„Синоќа ги погледнав насловите на медиумите во врска со овој закон и видов дека законот ја гарантира слободата на изразување и легнав мирно да спијам. Меѓутоа, после си помислив, а бе да беше така најверојатно тоа ќе се случеше пред 20 години кога го донесовме уставот или кога ја ратификувавме меѓународната конвенција за човекови права, но тоа не се случи. Погледнете каде се наоѓаме сега.“

Министерството единствено постапило по препораката да се намали мандатот на членовите на Советот во Агенцијата од 9 на 7 години, но според македонските организации тоа воопшто не е суштински проблем.

Петрит Сарачини од Македонскиот институт за Медиуми, обраќајќи се кон претставникот на Министерството за информатичко општество, изјави дека клучните забелешки, како што е изборот на состав на регулаторното тело не се променети во новиот предлог закон.

„Вие ги знаевте забелешките и на ОБСЕ и на Советот на Европа, ги знаевте, ги прочитавте, а сепак во нацрт-текстот кој што го добивме изутринава ниту една реченица, ниту збор од овие две експертизи, а и од домашните експертизи во однос на составот и предлагачите на регулаторното тело и советот на МРТ не беше вграден. Зошто? Која е целта на предлагачот на законската иницијатива да инсистира на ваков систем на избор на членови на тие тела?“

На тоа, претставникот на Министерството за информатичко општество Димитар Погованов накратко одговори дека ќе има доволно време за да се разгледуваат новите забелешки кои што ќе ги достават медиумските организации.

„Малку е неразбирливо од моја страна дека во рок од еден саат сè сте анализирале, а на експерт му треба еден месец да анализира, а на некој му треба еден саат да утврди некои работи, малку е чудно тоа. Така што, како што кажа и министерот, вие имате можност убаво да го анализирате цел закон.“

Главните проблеми во законот за медиуми и во новата предлог верзија остануваат нерешени, сложни се голем дел од медиумските организации.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG