Достапни линкови

Повлекување на австријските мировници од Голан


Австрија денеска соопшти дека го повлекува нејзиниот контингент во мировните сили на Голанската Висорамнина, откако денеска на кратко време сиријскиот конфликт се прели во близина на нивната позиција. Сиријските бунтовници го зазедоа граничниот премин, но набрзо потоа тој беше повторно под контрола на владините сили. Со над 370 војници, Австрија има најголем контингент во меѓународната мисија од 900 луѓе на Голанската висорамнина меѓу Сирија и Израел. Оваа мисија е таму уште од 1974 година.
XS
SM
MD
LG