Достапни линкови

Уапсен осомничен за планирање терористички напади во Москва


Јулај Давлетбаев

Јулај Давлетбаев

Руските безбедносни служби денеска уапсиле едно лице под сомневање дека планирал серија терористички напади во Москва. Станува збор за Јулај Давлетбаев чии двајца соработници биле убиени во акција на специјалците изведена во минатиот месец. Се наведува дека тие и припаѓале на Исламистичката партија на Туркестан и биле тренирани во терористички кампови во Авганистан. Оваа партија е забранета во Русија, а е и на американската листа на терористички организации.
XS
SM
MD
LG