Достапни линкови

Резолуција за правата на албанците во Прешевската Долина


Косовскиот Парламент денеска усвои резолуција за заштита на правата на албанците во Прешевската Долина, јужна Србија. Резолуцијата предвидува слобода на движење од Прешевската Долина и назад, укинување на таксите за осигурување кои се плаќаат при влезот во Косово и отворање канцеларии во Приштина и Гњилане. Предлог резолуцијата во минатата недела беше поддржана од премиерот Хашим Тачи, кој предложи со уставни промени да се обезбеди косовските институците да се грижат за Албанците кои живеат во земјите на поранешна Југославија.
XS
SM
MD
LG