Достапни линкови

Ослободен од притвор косовскиот пратеник Лимај


Фатмир Лимај

Фатмир Лимај

Судот во Приштина го ослободи од притвор пратеникот Фатмир Лимај, поранешен командант од Ослободителната војска на Косово кој е обвинет за воени злосторства извршени во село Клечка во март 1999 година. Адвокатот на Лимај, Том Гаши изјави дека неговиот клиент бил ослободен заедно со уште неколкумина други обвинети, поранешни членови на ОВК. Судот оценил дека обвинетите не можат да влијаат врз текот на судскиот процес. Тие се обвинети за тортура и за убиство на српски и албански цивили во Клечка. Лимај и уште деветмина обвинети беа судени за случајот во Клечка и добија ослободителна пресуда од првата инстанца од судот на ЕУЛЕКС, но во ноември Врховниот суд ја поништи ослободителната пресуда и нареди преразгледување на делото.
XS
SM
MD
LG