Достапни линкови

logo-print

Заев - Исчекор за комисијата за 24 декември


Средба на премиерот Никола Груевски со новиот лидер на СДСМ Зоран Заев.

Средба на премиерот Никола Груевски со новиот лидер на СДСМ Зоран Заев.

По средбата со премиерот Никола Груевски, новиот лидер на СДСМ Зоран Заев изјави дека презеле обврска во следните три до четири дена да се договорат за формирање на комисијата за 24 декември.

Скоро час и половина траеше средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Без кафе, ама со ладна вода двајцата политичари разговарале и за други прашања од национален интерес. Заев изјави дека со премиерот презеле обврска во следните три до четири дена да се договорат за формирање на комисијата за истрага на настаните од 24 декември, во насока на спроведување на мартовскиот договор.
Исчекорот се однесува на преземање обврска во наредните три четири дена директно да искомуницираме ние или нашите претставници во изнаоѓање на конечно решение на ова прашање. Целта е да направиме напори да ја косолидираме, да почне да работи комисијата.

„Исчекорот се однесува на преземање обврска во наредните три четири дена директно да искомуницираме ние или нашите претставници во изнаоѓање на конечно решение на ова прашање. Целта е да направиме напори да ја косолидираме, да почне да работи комисијата“, изјави Заев.

Се надевам дека ваката средба која се најавуваше како преседан ќе стане редовна пракса. Се надевам дека денешниот исчекор во насока на подобрување на политичкиот дијалог ќе успееме да го одржиме, рече Заев. Вети оти опозицијата ќе биде конструктивна.

„Покрај тоа што сака да ја одигра својата улога, апсолутно критична кон сè што не е добро за оваа земја, кон сè што е глупаво во оваа земја, да изреагираме“, рече Заев.
Всушност претставува една куртоазија, да се напијат кафе, нешто протоколарно што нема да смени ништо во животот и политичкото делување и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Експертите, пак, сметаат дека денешната средба меѓу Груевски и Заев е протоколарна и оти на вакви средби многу ретко се водат суштински разговори или, пак, се доаѓа до решенија за поголеми проблеми.

„Всушност претставува една куртоазија, да се напијат кафе, нешто протоколарно што нема да смени ништо во животот и политичкото делување и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ“, изјави универзитетскиот професор Алајдин Демири.

Но, дали денешниот разговор меѓу Груевски и Заев може да биде сигнал за подобрување на политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата? Професорот Никола Дујоски вели дека денешната симболична средба треба да го најави развојот на односите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Треба власта и опозицијата во овој нареден период многу сериозно да разговараат за креативни решенија. Очекувам дека Заев ќе биде многу поотворен за соработка со власта, отколку претходниот лидер на СДСМ, соработката пред тоа воопшто не постоеше, мислам дека за сите суштински, битни прашања во државата, тие имаа различни ставови“, вели Дујоски.

Посетата на Заев во кабинетот на премиерот е во согласност со претходно востановената пракса за средба на премиер и лидер на опозицијата, иако аналитичарите потсетуваат дека тоа не беше редовна пракса меѓу поранешниот лидер Црвенковски и премиерот Груевски.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG