Достапни линкови

logo-print

Заев: средбата со Груевски исчекор кон политичкиот дијалог


Зоран Заев

Зоран Заев

Новиот лидер на СДСМ Зоран Заев по денешната средба со премиерот Никола Груевски најави исчекор во изнаоѓање решение во однос на формирањето на експертската комисија која треба да ги расчисти настаните од 24 декември. Според Заев, било договорено тие двајцата или претставници на двете партии во наредните три до четири дена директно да искомуницираат со цел изнаоѓање конечно решение по ова прашање. „Јас се надевам дека оваа средба што беше најавувана како преседан и нешто ново, нема да остане така. Исчекорот кон политичкиот дијалог е направен и се надевам дека ќе се одржува барем за прашањата од национален интерес за Македонија“, оцени Заев.
XS
SM
MD
LG